ВМРО-ДПМНЕ: СДС нема кредибилитет да зборува за економија, СДС ја доведе државата на раб на банкрот после целиот криминал од епски размери

СДС е партија која додека беше на власт потроши милионски буџети, а немаше ниту една инвестиција, ниту пак капитални проекти, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштение на СДСМ.

СДС ги осиромаши граѓаните и ги остави со празни џебови додека буџетската каса ја испразни, а државата ја остави на раб на банкрот.

СДС континуирано води политика и ПР стратегија со која што шири лаги и манипулира.

СДС лажеа дека државата ќе банкротира, но не само што државата не банкротира, туку се зголемија и платите, дека мигранти ќе дојдат, дека ИПАРД средствата за земјоделците се блокирани, но Брисел потврди дека нема никакви неправилности со фондовите и ги демантира.

СДС продолжуваат да растураат пердуви во јавноста, СДС лажеше дека ќе банкротираме, не банкротиравме. Напротив, се зголемија платите, се испочитуваа Колективните договори.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ превзема конкретни мерки за подобрување на платите, состојбите и условите за најсуштинските сектори во државата како здравство, образование, безбедност.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи транспаретно и одговорно во интерес на граѓаните.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за секоја категорија на граѓани и зголемување на животниот стандард, се вели во реакцијата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content