Потопло време, а кон крајот на неделата повремен локален дожд, најавува УХМР

Следува период на релативно топло време, а кон крајот на неделата се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утре наутро се очекува времето да биде ведро и постудено, а преку денот сончево со мала облачност. Температурата ќе се движи од минус три до 25 степени Целзиусови.

Според УХМР, од вторник ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content