Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, сите патни правци се проодни

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по претежно суви коловози. Сите патни правци во државата се проодни.

Како што информира ЈП „Македонија пат“, на одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

-Апелираме на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни, наведува ЈП „Македонија пат“ и ги потсетува учесниците во сообраќајот дека сите детални информации можат да ги добијат на телефонот 02 25 61 502.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content