Стојаноски: Предложените измени на Законот за минерални суровини не се никаква закана за животната средина

Во јавноста се појавија одредени шпекулации во врска со предложените измени на Законот за минерални суровини. Сметаме дека е важно, јасно, прецизно и транспарентно да ги објасниме фактите, затоа што дел од изнесените тврдења не соодвествуваат со содржината на самиот закон, рече на денешната прес-конференција пратеникот Бојан Стојаноски.

 

Интегрален текст од прес-конференцијата на пратеникот Бојан Стојаноски ја пренесуваме во целост.

 

Најнапред, клучно е да се нагласи: овие измени не претставуваат дерегулација, ниту намалување на заштитата на животната средина. Предложените измени се прецизно таргетирани, ограничени по опфат и јасно дефинирани, и се однесуваат исклучиво на јавни претпријатија, односно субјекти врз кои државата има директна или индиректна контрола, и на минерални суровини од јавен интерес, пред сè енергетски минерали (како јагленот) и други ресурси со стратешко значење за државата.

 

Што точно се менува? Прво, со измените се воведува дополнителна контрола од страна на Владата. Во член 10 се предвидува дека за одредени категории минерални суровини од јавен интерес, Владата дава претходна согласност во постапката за доделување концесија за детални геолошки истражувања. Ова не е олеснување на процедурите, туку напротив – вклучување на највисокото ниво на одлучување, што значи поголема одговорност и институционална контрола.Ова значи повисоко ниво на контрола, а не либерализација.

 

Второ, измените овозможуваат во постапката за добивање дозвола за експлоатација да се земе предвид и одлука за поведување постапка за експропријација, но исклучиво во случаи кога станува збор за проекти од јавен интерес.

 

Важно е да се потенцира дека: експропријацијата не е нов механизам – таа е веќе уредена со закон и се применува со јасно утврдени правила и заштита на правата на граѓаните. Со ова решение, не се укинуваат имотно-правните односи, туку се овозможува поефикасно усогласување на постапките за проекти од стратешко државно значење, или поврзување со постапката за експропријација.

 

Во постапка за добивање дозвола за експлоатација, како доказ може да се користи и одлука за поведување постапка за експропријација, но исклучиво за проекти од јавен интерес. Прецизирање на постапките, не нивно олеснување. Измените имаат за цел да ги отстранат практичните административни пречки и да овозможат поефикасна реализација на проекти од јавен интерес, без да се менуваат суштинските услови.

 

Трето, измените имаат за цел да ги надминат практичните административни пречки кои досега ја отежнуваа реализацијата на проекти од јавен интерес, особено во енергетскиот сектор. Тоа значи, прво, поефикасна постапка – но не и пониски стандарди.

 

Што не се менува? Ова е особено важно за јавноста. Со овие измени не се укинува обврската за студии за влијание врз животната средина, не се намалуваат еколошките стандарди, не се укинуваат инспекциските контроли, не се менуваат обврските за управување со отпад и води. Сите постојни механизми за заштита на животната средина остануваат целосно на сила.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content