ЗНАМ на терен во Битола: Силна држава, сигурни граѓани, европска иднина

Караванот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, под мотото „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“, продолжи во Битола – градот на конзулите, културата и традицијата, кој со своето историско наследство, образовен развој и современ потенцијал претставува еден од најзначајните центри на Пелагонискиот регион.

На панел-дискусијата се обрати претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, кој истакна дека главната обврска на секоја одговорна политика е да создава држава во која граѓаните имаат сигурност, еднакви можности и доверба во институциите.

-Европска Македонија не е само политичка цел, туку начин на кој треба да ја организираме државата. Тоа значи институции што функционираат, правда што важи за сите и економија која создава можности за развој. Македонија треба да биде успешна и самоуверена држава која ги штити своите национални интереси и достоинствено чекори кон Европа, порача Димитриевски.

Тој нагласи дека ЗНАМ е политички субјект создаден од граѓаните и дека токму непосредната комуникација со нив е најголемата сила на движењето.

-ЗНАМ е создадено од граѓаните и е тука за граѓаните. Нашата сила не е само во политичките функции и институционалната одговорност, туку пред сè во довербата што ја добиваме од луѓето. Затоа остануваме меѓу граѓаните, ги слушаме нивните проблеми и работиме на решенија што ќе донесат подобар живот. Довербата не се добива со зборови, туку се заслужува со работа, одговорност и резултати што граѓаните можат да ги почувствуваат, истакна тој.

На панел-дискусијата говореа и претседавачот на Централниот одбор на Движењето ЗНАМ, Игор Филков, како и потпретседателот на партијата, државен секретар и кандидат за министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски.

Филков се осврна на реформите во правосудството, владеењето на правото и јакнењето на институционалната одговорност, оценувајќи дека силните институции и еднаквата примена на законите се темел за стабилна и европска држава.

Серафимовски, пак, зборуваше за состојбите и предизвиците во земјоделството, потенцирајќи ја потребата од поголема поддршка за земјоделските производители, подобрување на условите за работа и создавање сигурност за луѓето кои се двигатели на домашното производство и развојот на руралните средини.

Од Движењето ЗНАМ порачаа дека остануваат посветени на визијата за модерна европска Македонија со силни институции, стабилен правен поредок, развиена економија, конкурентно земјоделство и еднакви можности за сите граѓани, држава која својата иднина ја гради врз работа, знаење и одговорност.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content