Паднаа нелегални тутунски мрежи: Запленети повеќе од милион цигари и 225 кг тутун

Приходите од увоз на тутун и тутунски производи бележат значителен раст во првото тримесечје од годинава, при што во државната каса се слеани дополнителни 11 милиони евра во споредба со истиот период лани. Само по овој основ, вкупната наплата достигнала 2,82 милијарди денари, односно околу 45,7 милиони евра.

Зголемените буџетски приливи доаѓаат во период кога на терен се интензивирани контролите за сузбивање на нелегалната трговија со тутунски производи. Во осум одделни случаи, надлежните служби заплениле повеќе од еден милион парчиња цигари, како и 225,6 килограми различни тутунски производи, меѓу кои сецкан тутун, тутун за наргиле и никотински ќесички.

Паралелно со акциите на терен, одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги има отворено предистражни постапки во четири случаи. Како резултат на тие активности, поднесени се кривични пријави против четири физички лица и едно правно лице.

Од Царинската управа посочуваат дека ваквите мерки имаат двојна цел: заштита на државниот буџет и зачувување на јавното здравје преку ограничување на нелегалниот промет.

На свеченоста по повод 34-годишнината од постоењето на институцијата, директорот Бобан Николовски порача дека улогата на Царината оди многу подалеку од класичната контрола на стоки.

Тој истакна дека институцијата треба да биде гарант на законитост и предвидлив деловен амбиент, во кој, како што нагласи, чесното работење претставува предност, а нефер конкуренцијата нема простор за дејствување.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content