Спортски настан за промоција на физичка активност и здрави навики кај децата

Во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, утре, 20 април 2026 година, понеделник, во 12:00 часот, ќе се одржи спортски настан за реализација на заложбата за развој и имплементација на национален модел за промоција на физичка активност и здрави навики кај децата.

Иницијативата којашто е во организација на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, а поддржана од претседателката Сиљановска-Давкова, има за цел да развие, имплементира и евалуира национален модел за промоција на физичка активност, здрави навики и ментално здравје кај децата од 6 до 14 години, врз основа на постојните национални податоци за физичкиот фитнес и нутритивниот статус.

На настанот на којшто ќе учествуваат околу 150 деца од предучилишна возраст, основно и средно образование, предвидени се обраќања на претседателката Сиљановска-Давкова и на деканот на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, Влатко Неделковски.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content