Транспортерите задоволни од владините мерки за стабилизација на економијата

Стандардот на граѓаните во време на кризата се заштити. Цените на производите останаа исти, без поголеми нагли скокови. Бизнис заедницата е задоволна од владините мерки, но и понатаму велат дека остануваат претпазливи.

 

Според превозниците, мерката на владата за намалување на акцизата придонесе за стабилизрање на цената на превозот, бидејќи транспортот игра значајна улога во формирањето на крјаната цена на производот. Тие оценија дека до сега Владата добро ја менаџира кризата.

 

„Она што Владата до сега го презема тоа се краткорочни мерки, кои помагаат на ликвидноста на организациите со цел да не дојде до енормно поскапување на цените на сите производи“, изјави Билјана Муратовска од „МАКАМ“, пренесе Алфа.

 

Транспортерите се задоволни од овие мерки. Потврдуваат дека Владата има слух за нивните барања, особено во делот на одлуката за намалување на акцизите. Но, светската, енергетска криза поради војната на Блискиот Исток ги ставаи транспортерите кај нас во потешка ситуација во однос на конкуренцијата во Европа, па затоа бараат начин како повеќе да заработат, бидејќи сега единствена заработка им е повратот на ДДВ-то. Предлагаат долгорочни и трајни мерки за да се заштитат до завршување на кризата.

 

„Државата со измени на законот за акцизи да овозможи враќање на акцизата за комерцијални превози, согласно европските закони. Бараме исто така да се одреди поголем износ на име дневници за возачите на кој што нема да се плаќа персонален данок“, рече Муратовска, пренесе Алфа.

 

Инаку, цената на нафтата и на светските берзи забележа пад од скоро 9%, откако дувнаа позитивни ветришта од Блискиот Исток за воспоставување мир помеѓу завојуваните страни. Берзите во петокот затворија со цена на граница од 90 долари за барел нафта.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content