Меџити: ВЛЕН ќе одржи прв конгрес на 9 мај, десничарска партија со двајца копретседатели

Коалицијата ВЛЕН ќе го одржи својот прв конгрес на 9 мај, на Денот на Европа, при што ќе се официјализира нејзината трансформација во политичка партија, најави градоначалникот на Општина Чаир и еден од лидерите на коалицијата, Изет Меџити, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

Меџити истакна дека датумот е намерно избран за да ја симболизира посветеноста на ВЛЕН кон европските вредности и интегративните процеси.

Според него, новиот политички субјект ќе биде позициониран како десничарска партија и ќе има модел на заедничко раководење со двајца копретседатели – Билал Касами и Изет Меџити.

Тој додаде дека формализацијата на ВЛЕН како политичка партија се очекува да се случи непосредно пред реконструкцијата на Владата, оценувајќи дека тоа претставува значаен чекор за понатамошно зајакнување на политичкиот субјект на сцената во земјата.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content