Усвоени процедури за работа и обуки во Државната изборна комисија

На денешната трета седница на Државната изборна комисија (ДИК) едногласно беа усвоени низа акти и програми, со кои се уредуваат работните процедури, се зајакнува родовата перспектива и се унапредуваат капацитетите на институцијата.

Со едногласна поддршка Комисијата ја усвои и процедурата за прекувремена работа, со која се уредува начинот на исплата на додаток на плата, како и остварување право на слободни часови или денови за вработените, особено во периоди со зголемен обем на работа, вклучително и за време на изборни активности.

Во рамките на седницата беше усвоена и процедурата за отсутност на вработените од просториите на ДИК за време на работното време, со цел стандардизирање на постапките и усогласување со законските измени и систематизацијата во Комисијата.

Членовите на ДИК го усвоија и акцискиот план за унапредување на родовата перспектива во работата на Комисијата, како и програмата за обуки на раководството и вработените во ДИК за 2026 година, со посебен акцент на заштитата на личните податоци.

Во рамките на точката „Разно“, од ДИК информираа дека интензивно се работи на решавање на проблемот со исплатата на надоместоците на членовите на избирачките одбори, при што беше нагласено дека обврската за исплата им припаѓа на општините во согласност со законските и подзаконските акти.

Од Комисијата најавија продолжување на активностите и средби со надлежните институции со цел што побрзо решавање на овој проблем.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content