СДС врхушката, сосема логично, се препозна во изјавата на премиерот Мицкоски во која тој соопти дека има чувство дека поранешни функционери ќе одговараат за злодејанијата во минатото. На страна што премеирот се шегуваше со секојдневите, три пати ан ден лиферувани соопштенија на СДС кои започнуваат со инфантилното „ИМАМЕ ЧУВСТВО“, но дали нив ги заболе вистината и реалноста која следи за нивната арамиска врхушка?
Загрижува фактот дека од опозицијата уште не ја научија лекцијата и живеат во оној свој паралелен свет, порача премиерот Христијан Мицкоски.
-Никако не можете да слушнете, да речеме, да го повикаат Васко Ковачевски да се врати и да се соочи со правдата. Се чудам зошто во нивните прес-конференции, доколку сакаат да бидат реална алтернатива на оваа Влада, не можете да го сретнете името на Васко Ковачевски, да го повикаат да се врати и да се соочи со правдата. Понатаму, очекувам од истата оваа опозиција да се однесува критички како сега, тогаш кога, имам чувство дека набргу високи функционери од претходнта Влада на СДСМ, поранешни премиери, претседатели на Влада, нивни блиски од семејството… ќе бидат опфатени со одредени прогони. Имам чувство, еве, не велам дека имам информација. Очекувам дека и тогаш, кога тоа ќе се случи, исто така ќе имаат прес-конференции и тогаш нема да велат дека е политички прогон туку ќе ги повикаат да одговараат пред органите и да ја докажуваат својата невиност, посочи вчера премиерот Мицкоски.
Симптоматично, но на ова не реагираше ниту Левица, ниту ДУИ. И тие се опозиција. ДУИ имаа и многу функционери, дел се и во Ќорка. СДС пак напиша ПЕТ страници во објаснување што ќе прави да ги заштити криминогените функционери, кои никој директно не ги спомена, но тие си ги препознаа па удрија на „дефанзива“ и одбрана на своите криминалци.
Како Шмрчко@компанија ги бранат Заев и Венко од се’ поизвесното доаѓање на правдата и заслужената казна за сторениот криминал? Онака како што знаат, со лични навреди и со кодошлук кај странците. Акти кои одлично им прилегаат, како „саливени“ за безрбетните арамии, кои 35 години прават кариера на овие „афинитети“…
Прво, го нарекоа премиерот „уличар“, а потоа како мали деца кои ги скарал комшијата соопштија гордо дека за ова ќе ги изестат сите „релевантни странски фактори“.
Еве што срочија Шмрчко, Жерновски и Богданка во одбрана на Венко, Зоран, Таче, Оливер, Љупче и компанија.
„Наместо да се занимава со обезбедување услови за владеење на правото, Мицкоски како некој уличар, ја злоупотребува функцијата претседател на Владата…“ вреснаа од СДС.
За да по навредите, подобни за пред кооперација со месен нарезак во бакалска хартиај посипан со вегета и пиво во другата рака, како последни, нароски кажано „издаици-крастаици“, вреснат:
