Сиљановска на Дипломатскиот форум во Анталија, денеска средба со Ердоган

Утре Сиљановска-Давкова ќе се обрати на „Лидерскиот панел“ на Дипломатскиот форум во Анталија, којшто ќе го модерира Мевлут Чавушоглу, поранешен министер за надворешни работи, пратеник во Големото национално Собрание и шеф на турската делегација во ПС на НАТО. Останати учесници на панелот се: претседателот на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев, премиерот на Пакистан, Мухамад Шехбаз Шариф, премиерот и министер за надворешни работи на Катар, шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани и премиерот на Грузија, Иракли Кобахиѕе.

На 5. Дипломатски форум во Анталија, којшто е во организација на Министерството за надворешни работи на Република Турција, под покровителство на претседателот Реџеп Таип Ердоган, се најавени учесници од 155 земји, меѓу кои 21 шеф на држава и влада, 61 министер, како и десетици парламентарци, соопшти кбинетот на претседателката на Македонија.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content