Реафирмирани одличните билатерални односи: Телефонски разговор на Муцунски со Анита Орбан, главен совет за надворешна политика на ТИСА
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари телефонски разговор со Анита Орбан, главен советник за надворешна политика на новата владејачка партија на Унгарија – TISZA.
Во разговорот, министерот Муцунски упати искрени честитки по повод резултатите на парламентарните избори.
-Соговорниците ги реафирмираа одличните билатерални односи и високото ниво на политичка соработка, изразувајќи подготвеност за нивно понатамошно продлабочување, со посебен акцент на политичката, економската и трговската соработка, информираат од Министерството.
Воедно, разменија мислења за евроинтегративниот пат на нашата држава, при што беше потврдена јасната и силна поддршка од Унгарија. Стана збор и за актуелните геополитички состојби во Европа и пошироко.
