(ФОТО) Манасиевски до Жерновски: Во чија сопственост е ултра модерниот мерцедес кој го возиш?

Неакредитираниот амбасадор и очаен дипломат, Андреј Жерновски, пред 2 недели во гостување на поткаст вели дека нема во сопственост автомобил марка “Мерцедес” со регистарски таблички од иста бројка, туку дека некогаш во животот возел “Мерцедес”, во сопственост на негов братучед, прашува Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Но, светот е мал, па вистината се дознава прилично брзо. Би сакал да го прашам господинот Жерновски, дали автомобил марка “Мерцедес” со регистарски таблички SK 8888 ZA е во негова сопственост? Ако да, зошто не е пријавен во имотниот лист кој го има во ланскиот извештај?

Колкава е цената на овој ултра модерен мерцедес со регистарски таблички со негови иницијали?, прашува Манасиевски.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content