ВМРО-ДПМНЕ на сите католички верници им го честита големиот христијански празник Христово Воскресение-Велигден

ВМРО-ДПМНЕ на сите католички верници им го честита големиот христијански празник Христово Воскресение-Велигден, се вели во партиското соопштение на владејачката партија.

Велигден е симбол на надежта, обновата и победата на животот над смртта.

Овој празник не потсетува дека во моменти на предизвици потребни се единство, солидарност и стабилност како вистински вредности врз кои се гради просперитетна држава.

Нека празникот на Христовото Воскресение ви донесе здравје, мир, љубов и надеж. Во духот на заедништвото, солидарноста и почитта, да продолжиме да градиме општество во кое секој граѓанин ќе има достоинствен и подобар живот.

Овој христијански празник нека донесе радост во вашите срца и благосостојба во вашите домови. Нека воскресението биде симбол на нов почеток, сила и верба за подобро утре.

Нека е за многу години големиот празник!

Христос воскресна!

Навистина воскресна!

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content