Се огласија од Министерството за здравство: Нема недостиг на лекови за ретки болести

Од Министерството за здравство тврдат дека нема недостиг на лекови за ретки болести, односно оти непречено и во континуитет овие лица ја примаат потребната терапија.

-До Министерството за здравство нема реакција од пациенти за недостиг на ниту еден конкретен лек. Министерството за здравство продолжува со континуирано обезбедување терапија за сите пациенти, вклучително и пациентите со ретки болести, се вели во реакцијата од Министерството за здравство.

Оттаму пјаснуваат дека новиот Закон за лекови предвидува побрзи постапки за одобрување и регистрација на лекови преку модернизација на системот, скратување на времето за нивна достапност, како и воспоставување систем за следење на снабдувањето и спречување евентуален недостиг.

-Исто така, покрај воведување тригодишен модел на јавна набавка како стратешка промена во 2026 година која е од витално значење за пациентите, истовремено е проширена техничката спецификација со 12 нови лекови. Со оваа нова јавна набавка, државата ја презема обврската за обезбедување на вкупно 72 лекови, што претставува значајно зголемување на бројот на опфатени лекови во споредба со претходните години, со што директно се зголемува и бројот на пациенти кои добиваат бесплатна и современа терапија преку Програмата за лекување на ретки болести, се нагласува во соопштението од Министерството за здравство.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content