Мицкоски од Унгарија: Македонските граѓани можат слободно да патуваат

-Дополнително, македонските граѓани можат слободно да патуваат, што значително ќе ја олесни мобилноста, ќе поттикне културна размена. Ваквите иницијативи се важен чекор кон зајакнување на меѓународната соработка и приближување кон европските стандарди – обајви Мицкоски на Фејсбук.

Мицкоски денеска заедно со владина делегација престојува во политичко-економска посета на Унгарија, каде како што е најавено, ќе има средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, а потоа ќе има обраќање и на бизнис-форумот во Будимпешта со наслов Ден на деловна соработка помеѓу Унгарија и Македонија.

Тема на разговор на денешната средба во Будимпешта, како што е најавено, ќе бидат унапредување на билатералните односи, економската соработка и актуелните регионални и европски прашања

Во состав на владината делегација се и вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Рефик Џемаили, директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Гоце Димовски, како и директорката на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемаштво, Даниела Димовска.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content