Зијадин Села најавува нова партија

Како што нагласува Села во интервју за весникот на албански јазик „Лајм“, луѓето кои се дел од оваа политичка групација имаат идеали и ќе продолжат повторно да градат, вели, еден силен политички субјект.

„Ние не мислиме дека решението е оставка и предавање. Не оставам на случајноста, јас сум ја создал таа нова политичка партија. Веќе е формирана и се вика Албански сојуз, има црвено-црни бои и нема да се откажеме од оваа работа. Идејата на Алијанса за Албанците и нејзината кауза имаат свое продолжение“, вели Села.

Најавата за формирање нова партија од Села следи откако Основниот суд во Тетово на 18 март донесе одлука партиските печати да му припаднат на крилото на АА предводено од Арбен Таравари. Од крилото предводено од Села тогаш најавија дека ќе поднесат жалба на одлуката до Апелацискиот суд.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content