Во целиот свет: И амбасадата на САД во Скопје објави безбедносно предупредување до сите американски граѓани

Амбасадата на САД во Скопје објави безбедносно предупредување до сите американски граѓани. Стејт департментот им советува на Американците ширум светот, а особено на Блискиот Исток, да бидат претпазливи.

Американците во странство треба да ги следат упатствата во безбедносните предупредувања издадени од најблиската амбасада или конзулат на САД.

Според предупредувањето, периодичните затворања на воздушниот простор може да предизвикаат прекини во патувањето.

„Дипломатските објекти на САД, вклучително и надвор од Блискиот Исток, беа цел на напади. Групите што го поддржуваат Иран може да ги таргетираат другите американски интереси во странство или локации поврзани со Соединетите Американски Држави и/или Американци низ целиот свет“, се наведува во предупредувањето.

Од Амбасадата советуваат сите граѓани на САД да се регистрираат на step.state.gov за да ги добиваат најновите безбедносни предупредувања и да го следат го каналот „Стејт департмент на САД – Безбедносни ажурирања за граѓаните на САД“ на WhatsApp (се отвара во нов таб) или @TravelGov на X.

Кога планирате патување, внимателно прочитајте го Предупредувањето за патување и деталните информации за вашата дестинација, како и сите неодамнешни предупредувања на travel.state.gov/destination, советуваат од американската амбасада во Скопје.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content