Управата за извршување на санкциите: Примена на пробацијата ќе придонесе кон поуспешна ресоцијализација и реинтеграција на сторителите во КПУ

Директорот на Управата за извршување на санкциите Александар Пандов и претставници на Секторот за пробација денес присуствуваа на состанок со претседателот на Основниот суд во Штип Ацо Тасев и судии кои работат на кривична материја.

Состанокот е дел од планираните активности на Управата за извршување на санкциите и ИПА проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“.

На состанокот присуствуваа хрватските експерти-началникот на Секторот за пробација Горан Бркиќ, раководителката на пробациската канцеларија Загреб 1 Матеа Сршен и претседателката на судот во Госпиќ Дубравка Рукавина.

Притоа, присутните имаа можност да ги разменат своите позитивни искуства од досегашната примена на пробацијата, а воедно беше потенцирано дека поголема примена на пробацијата ќе придонесе кон поуспешна ресоцијализација и реинтеграција на сторителите и кон намалување на преполнетоста на казнено-поправните установи.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content