Ацо Ристов, дипломиран електроинженер со долгогодишно раководно искуство во секторите енергетика, хидроенергија, водоснабдување, третман на води, рударство и инфраструктурни системи е предлог за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика по оставката на досегашниот претседател Марко Бислимоски.
Ристов денеска со седум гласа „за“, два „против“ и ниту еден глас воздржан беше изгласан од членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. Предлогот Ристов да биде нов претседател на РКЕ треба да биде изгласан на пленарна седница.
Ристов, кој по потекло е од Радовиш, во периодот од ноември 2021 година до октомври 2025 година, ја извршувал и функцијата градоначалник на Радовиш.
Покрај Ристов, на огласот за претседател на РКЕ беше пријавен и Шамил Реџепи од Тетово, магистер по економски науки, вработен во РКЕ од 2004 година. Тој не влезе во потесниот круг поради неисполнување на критериумите од огласот.
– Кандидатот не ги исполнува условите од огласот. Дипломиран економист не е наведено во огласот, државјанството е старо од 1995 година, што може да се каже дека е неважечко, рече претседателот на Комисијата, Ѓорѓија Сајковски.
– Кандидатот не ги исполнува условите од огласот. Дипломиран економист не е наведено во огласот, државјанството е старо од 1995 година, што може да се каже дека е неважечко, рече претседателот на Комисијата, Ѓорѓија Сајковски.
Сајковски појасни дека согласно член 47 од Законот за енергетика, РКЕ ја сочинуваат седум члена од кои еден е претседател, а досегашниот претседател Бислимоски бил магистер по електротехника.
Бислимоски поднесе оставка од функцијата на 12 февруари годинава.
