Министерството за здравство ја информира јавноста дека е спроведено годишното усогласување на максималните цени на лековите за 2026 година, согласно важечката методологија за формирање на цените.
– Цените на лековите претставуваат клучен инструмент за обезбедување достапна терапија за граѓаните и одржливост на здравствениот систем, поради што нивното утврдување е стратешка одлука со директно влијание врз јавните здравствени расходи, појаснува министерот за здравство, Азир Алиу.
Врз основа на анализите и преговорите, утврдени се намалувања на максималните цени кај лековите каде што постојат соодветни пазарни показатели.
На веб страната на Министерство се објавени одлуките со новите намалени максимални цени, при што намалување е постигнато кај:
– 156 оригинаторни лекови
– 156 оригинаторни лекови
– 13 лекови од интервентен увоз.
Новите цени ќе почнат да се применуваат од 1 мај, годинава, по периодот во кој фармацевтските компании ќе ги усогласат цените во прометот на големо и мало.
Особено го издвојуваме намалувањето на цената на лекот „Ксарелто“ (ривароксабан), кој се користи во третман на кардиоваскуларни заболувања.
