Димитровски – Силвер: САД ја гледаат Македонија како стабилен партнер во турбулентна геополитичка средина
Заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, на маргините на 70-тата сесија на Комисијата за статусот на жените при ООН во Њујорк оствари средба со Даниел Силвер, потпретседател на Американскиот еврејски комитет.
На средбата беше потврдена силната соработка меѓу Македонија и Американскиот еврејски комитет, како и заедничката определба дијалогот и партнерството да продолжат со уште поголема динамика во период кога евроатлантската заедница се соочува со сериозни безбедносни и геополитички предизвици.
Соговорниците ја истакнаа важноста Македонија да продолжи да делува како стабилен и предвидлив партнер на Соединетите Американски Држави, особено во услови на засилени глобални тензии и обиди за дестабилизација во регионот.
Димитровски ја нагласи посветеноста на нашата држава кон заштитата и развојот на Еврејската заедница во Македонија, како и кон активната борба против сите форми на нетолеранција, шовинизам, говор на омраза и антисемитизам.
Во разговорот беше потврдена и важноста на стратешкото партнерство меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави, при што беше истакнато дека нашата земја останува кредибилен сојузник во рамките на евроатлантската архитектура за безбедност.