Муцунски: Од ЕУ очекуваме да биде предвидлив партнер онаков како што сме ние

„Потсетив дека државата го доби кандидатскиот статус за членство во ЕУ заедно со Хрватска и дека во изминатите години направивме сериозни национални отстапки. Нашето општество е силно проевропско, Владата е фокусирана на европските реформи и целосна усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, но очекуваме процесот на проширување да биде јасен, кредибилен и предвидлив“, посочил Муцунски.

Министерот ја нагласил стратешката важност на коридорите 8 и 10, како од безбедносна така и од трговска перспектива, како и значењето на односите со Унгарија, со која имаме Договор за стратешко партнерство.

„Унгарија ја гледаме како важен пријател и поддржувач на нашиот европски пат. Наша задача е да бидеме предвидлив партнер на Европската Унија, но истата таква предвидливост и кредибилност ја очекуваме и од земјите членки“, посочил Муцунски.

Министерот Муцунски се обрати на воведната дебата на високо ниво на тема „Централна Европа и Западниот Балкан во новата геополитичка ера“, заедно со министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, и заменик-претседателот на Владата за надворешни и европски прашања на Црна Гора, Филип Ивановиќ.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content