Мицкоски во телефонски разговор со претседателот на ОАЕ: Нападите врз суверени држави се нарушување на меѓународното право

Во текот на разговорот, како што информира премиерот преку „Фејсбук“, тој изразил искрена солидарност со народот на ОАЕ и најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите од нападите.

„Нападите врз суверени држави и заканите кон цивилното население претставуваат грубо нарушување на меѓународното право и сериозна закана за регионалната и глобалната стабилност“, истакнал Мицкоски.

Во разговорот, додава тој, ја нагласил и потребата од засилена грижа и координација за безбедноста на македонските граѓани што се наоѓаат во регионот.

„Информирав дека институциите на државата се целосно мобилизирани и внимателно ја следат состојбата со подготвеност за навремена помош, поддршка и евентуална асистенција доколку тоа биде потребно. Македонија, во контекст на своите стратешки интереси и сојузништва, ќе продолжи да дејствува принципиелно, внимателно и одговорно, во интерес на стабилноста и безбедноста“ истакна Мицкоски.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content