Прилеп денеска живееше под маска

Прилеп денеска живееше под маска. Над 300 групни и поединечни маски беа дел од карневалското празнување. Мечкарите чија маска ова годаина празнува постоење од еден век, ја предводеа карневалска поворката, а на карневалското случување беа голем број и други маски кои го имаа прилепскиот мајтап, го отсликуваа социјалниот момент, но и традиционални и модерни маски кои ја збогатуваа карневалската содржина во Прилеп. Со еден збор, секој, и старо и младо, се маскирал како што се чувствува.

Прилеп оваа година одбележа 25 години Прочка и 100 години од најавтентичната маска „Прилепски мечкари“. По тој повод градот го посети и претседателот на Европски асоцијација на карневалски градови, Ларс Аргел, кој беше дел од карневалската дружба.

Многу ми е драго што сум тука,гледам многу познаит лица,а особено се свежи сеќавањата кога имаше Светска конфенција на карневалски градови ,тука во Прилеп, и сум навситина среќен што направивме еден рестарт на карневалот , изјави Алгел.

Повеќе на Радио Пела МК.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content