Раст од 12,3% кај растителното производство – нови бројки за цените во земјоделството

Цените во земјоделството во јануари 2026 година, споредено со истиот месец лани, се намалени за 2,2 проценти кај инпутот аутпутот бележи раст од 9,9 проценти, што укажува на подобрување на ценовната позиција на производителите.

Кај тековно потрошените средства во земјоделството (инпут 1) е регистрирано намалување од 2,8 проценти, додека средствата наменети за инвестиции (инпут 2) се зголемени за 4,7 проценти.

Во делот на аутпутот, најголем раст има кај растителното производство, каде цените се повисоки за 12,3 проценти, додека кај доброчиточното производство е евидентирано умерено зголемување од 1,3 проценти.

Овие движења значат дека земјоделците за своите производи добиваат повисоки цени, додека дел од производствените трошоци се намалени, но инвестициите во механизација и опрема стануваат поскапи.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content