Денес во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп беше отворена изложбата на слики од Мирослав Живковиќ

Денес во  Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп беше отворена изложбата на слики од Мирослав Живковиќ, уметник од Србија. Изложбата е  дел од меѓународната активност на ЦК „Марко Цепенков“- Прилеп и е поддржана од Министерството за култура и туризам.

Изложбата ја отвори м-р Каролина Мицевска, која посочи дека делата од Мирослав Живковиќ пренесуваат топлина, сонце и енергија која грее и предизвикува емоции.

– Во делата на Живковиќ се присутни многу емоции, боја, фрагменти. Преку апстрактивните елементи ја слика и доживува природата суштински, создавајќи творби кои се една целосна возуелна целина – рече Мицевска.

Мирослав Живковиќ е роден во Ниш, каде живее и работи на Факултетот за уметност, како редовен професор по предметите Цртање и Сликање. Имал 72 самостојни, на повеќе од 300 групни изложби во Србија и во странство. Учесник е на многубројни ликовни колонии, меѓу кои и на колонијата Дрен, на симпозиуми, предавања. Покрај со сликарство од 1992 година се занимава и конзервација. Добитник е на повеќе награди.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content