Македонската академија на науките и уметностите ( МАНУ ) на 21-то Изборно собрание избра 2 редовни членови, 8 дописни членови, 4 членови надвор од работниот состав и 2 почесни членови.
За редовни членови на МАНУ беа избрани дописните членови Изет Зеќири и Блажо Боев.
За дописни членови беа избрани проф. д-р Гордана Лажетиќ во Одделението за општествени науки, проф. д-р Мирко Тодоровски и проф. д-р Димитар Трајанов во Одделението за технички науки, проф. д-р Александар Узунов во Одделението за природно-математички и биотехнички науки, проф. Жарко Башески, проф. Невзат Бејтули, проф. д-р Драган Даутовски и проф. д-р Ивица (Иван) Џепаровски во Одделението за уметност.
За членови надвор од работниот состав беа избрани проф. д-р Стојко Стојков од Одделението за општествени науки, проф. д-р Светлана Мојсов од Одделението за медицински науки, проф. д-р Гордан Караман од Одделението за природно-математички и биотехнички науки и проф. д-р Сибила Петлевски од Одделението за уметност.
За почесни членови на МАНУ беа избрани проф. д-р Трајче Стафилов во Одделението за природно-математички и биотехнички науки и проф. д-р Владо Поповски во Одделението за општествени науки.
Со изборот на овие нови членови се зајакнува работниот карактер на Академијата и капацитетот на МАНУ да придонесе кон дефинирање на стратешките насоки за развојот на државата – информираат од МАНУ.
