Косово забрани носење хиџаб во училиштата!

Врховниот суд на Косово ја потврди одлуката за забрана на носење хиџаб во училиштата, сметајќи го тоа во согласност со кодексот за облекување пропишан од Министерството за образование, наука, технологија и иновации. Со тоа, судот ја отфрли тужбата поднесена против оваа одлука од страна на Мрежата за професионален развој на жените „Арита“, објавува Klix.ba.

Судот ја потврди надлежноста на Министерството
Организацијата „Арита“ тврдеше дека забраната за носење шамии во јавните образовни институции е неоснована и претставува форма на дискриминација. Во нивната тужба се наведува дека во последните четири години, бројни девојчиња биле исфрлени од училиштата или им било забрането да посетуваат настава само поради носење шамија.

По жалбите на средношколците, „Арита“ се обрати до Врховниот суд барајќи поништување на оспорената одлука. Сепак, судот ја отфрли жалбата, образложувајќи дека Министерството за образование има законско овластување да ги утврдува правилата на однесување и облекување на учениците, во согласност со Законот за предуниверзитетско образование и Законот за стручно образование и обука.

Долгогодишна дебата
Забраната за носење шамии во училиштата предизвикува жестока дебата со години во Косово, каде што околу 92 проценти од населението се муслимани. Оваа тема првпат стана предмет на поширока јавна дебата во 2010 година, кога административните упатства на Министерството воведоа забрана за таканаречените „религиозни униформи“, што вклучуваше носење шамии.

Исламската заедница на Косово потоа остро се спротивстави на таа одлука, велејќи дека шамијата не е „религиозна униформа“, туку дел од религиозната обврска на секоја муслиманка.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content