Проданоски: Прилеп со гордост го негува своето културно наследство

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денес присуствуваше на отворањето на изложбата „Врбјанска Чука: зрно по зрно, погача“ во НУ Завод и Музеј – Прилеп.

Изложбата претставува резултат на долгогодишната соработка помеѓу НУ Завод и Музеј – Прилеп и Центарот за истражување на предисторијата, со цел проучување на неолитскиот локалитет Врбјанска Чука во Пелагонија. Посетителите имаат можност да се вратат 8.000 години наназад и да го запознаат секојдневието и духовниот живот на жителите од тоа време.

Проданоски, исто така, присуствуваше и на традиционалниот годишен концерт на Октет Прилеп во НУЦК „Марко Цепенков“, на кој ансамблот уште еднаш ја покажа својата посветеност кон негувањето на македонската песна и традиција.

„Искрени честитки до организаторите и учесниците на двата настани за нивниот придонес во збогатувањето на културниот живот на нашиот град. Прилеп со право може да се гордее со своето културно наследство и уметнички потенцијал,“ изјави Проданоски.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content