Проданоски промовира изградба на нов излетнички центар кај Волково

Проект за нов парк – излетничко место, за рекреација и одмор како дел од изборната програма, денеска промовираше Дејан Проданоски, кандидат за градоначалник на Општина Прилеп  од Коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ. Станува збор за локацијата во непосредна близина на селото Волково:

Во Волково го градиме најголемиот парк во Прилеп! Нова зелена оаза на градот, простор за одмор, рекреација и заедништво! Овде ќе никне излетнички центар од 30.000 квадратни метри! Со пешачки и велосипедски патеки, детски и фитнес зони и современо еколошко осветлување. Паркот Волково ќе биде место што живее и дење и ноќе, со светло, живот и свежина. Место каде семејствата се собираат, децата растат, а градот дише почисто. Ова не е само парк. Ова е чекор кон поубав, одржлив и зелен Прилеп.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content