Проданоски: Време е Прилеп да биде функционален, уреден и достоинствен град

Дејан Проданоски кандидат за градоначалник на Прилеп од Коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ денеска претстави дел од проектите за сообраќајно доуредување на градот со систем за движење, паркирање и безбедност, како и нов изглед на дел од Плоштадот Методија Андонов Ченто и на Старата чаршија:

Време е Прилеп да добие нов лик. Функционален, уреден и достоинствен град, во кој секој детал има своја смисла и вредност. Ќе направиме сообраќајна студија, со која што конечно ќе го решиме сообраќајниот хаос и ќе воспоставиме јасен систем за движење, паркирање и безбедност. Плоштадот „Методија Андонов – Ченто“ пред хотел „Скопје“ ќе добие нов изглед, уреден, зелен и пријатен простор за прошетка, дружење и културни настани. Во Старата чаршија, срцето на градот, ќе ја реконструираме инфраструктурата и ќе го зачуваме нејзиниот дух, затоа што токму таму се чувствува вистинскиот Прилеп. Ќе поставиме јавни тоалети на повеќе локации, затоа што уреден и културен град почнува од почит кон секој граѓанин. Секој чекор е дел од големата слика. Прилеп ќе биде град со ред, убавина и достапност за сите. Модерен, чист и зелен град, но со душата на старата чаршија што никогаш не згаснува.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content