Подобрувањето на патната инфраструктура во руралните средини

Подобрувањето на патната инфраструктура во руралните средини ќе биде во фокусот на нашето делување како Локална самоуправа во следниот мандат. Свесни сме дека квалитетните и безбедни патишта се предуслов за рамномерен локален развој, за поуспешно стопанство и за подобар квалитет на живот на сите жители во прилепските населени места.
Секое село, секоја улица и секој жител заслужуваат подеднакво исти услови како и оние во градот. Затоа, во нашата програма предвидуваме рехабилитација на улици во руралните населби во должина од над 8.000 метри, со што значително ќе се подобри локалната мобилност и секојдневното функционирање на граѓаните.


Следува реализација на неколку големи и значајни проекти за реконструкција и изградба на локални патишта:
-Реконструкција и проширување на локалниот пат с. Тополчани – с. Тројкрсти – с. Чепигово,
-Реконструкција и проширување на патот с. Тополчани – с. Канатларци,
-Реконструкција и проширување на патниот правец Мало Коњари – Кадино Село,
-Реконструкција на локалниот пат Беловодица – Дрен,
-како и изградба на нови патишта с. Бешиште – с. Полчиште и с. Ореовец – с. Крстец.

Со реализација на овие проекти, Општина Прилеп ќе добие подобра поврзаност меѓу населените места, побрз пристап до образовни, здравствени и економски центри, но и многу подобри услови за развој на земјоделството, сточарството и локалниот бизнис.
Ова не се само ветувања, ова се конкретни, остварливи планови кои произлегуваат од реалните потреби на граѓаните. Наша цел е секое населено место да биде поврзано, достапно и функционално.
ВМРО-ДПМНЕ и нашиот тим на советници ќе бидат посветени на вистински дела, реални решенија и проекти што носат резултати, за силен Прилеп, за развиени села и за иднина која чекори напред со сигурен чекор. Затоа почитувани сограѓани на овие локални избори гласајте за бројот 9, единствениот вистински избор.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content