Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

По повод 18 Август, Денот на Армијата, вечер, од 19:00 часот во касарната „Илинден“ ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување 10 плотуни од 6 артилериски орудија.

Како што информира Армијата, претходно, во 18.00 часот, ќе биде извршена и пробна артилериска стрелба со еден плотун.

Почесната артилериска стрелба ќе ја изведе единица на артилерискиот баталјон на Армијата

-Почесната стрелба како дел од протоколарните обврски на Армијата за одбележување на празници е во рамки на активностите кои се реализираат по повод 18 Август, Денот на Армијата, наведува Армијата.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content