Дартло – грузиско средновековно село со бајковит шарм

Дартло, едно од најживописните села во грузискиот регион Тушети, претставува уникатна комбинација на историја, култура и природна убавина, јавува Анадолу.

Сместено во долината Пирикити, околу 15 километри северозападно од селото Омало, ова село датира од 17 век и е познато по своите камени куќи и одбранбени кули изградени со техника на сув камен.

На надморска височина од 1.850 метри, Дартло нуди поглед кон величествениот планински венец Голем Кавказ и лесен пристап до повеќе планинарски патеки.

Меѓу културното наследство се вбројуваат традиционален суд Сабчео, крипти, манастир, урнатини од црква, светилишта и петроглифи.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content