Денескa сончево со пораст на дневните температури

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне, претежно во источните делови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе достигне од 28 до 36 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Во текот на наредните денови следува период на стабилно и топло време со пораст на дневната температура.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content