Младите од Пустец чувари и промотори на македонската култура и традиција

97

Фолклорната група на Македонците од Пустец настапи на Фолклорниот фестивал на националните малцинства во Албанија, што се одржа во Бутринти.

Фестивалот беше во организација на друштвото „Свети Козма“, а со поддршка на Комитетот за национални малцинства, орган на албанската влада.

-Со богата програма од традиционални македонски ора и носии од Мала Преспа, групата ја воодушеви публиката за што беше наградена со громогласен аплауз, рече за МИА Марјана Костофски, претставник на македонското малцинство во комитетот.

Посочи дека „настапот беше дел од напорите за зачувување и промоција на македонската култура и традиција меѓу националните малцинства во Република Албанија“.

Заедно, како и во секоја прилика и овој пат, со Македонците беше Васил Стерјовски, претседател на македонското друштво „Сонце“ и лидер на единствената македонска партија во оваа земја, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ).

Тој не го крие задоволството од успешната презентација на македонското фолклорно богатство, кое со гордост го презентирале младите Македонци.

Фото: Фолклорна група – Пустец

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content