Општина Прилеп ја објави програмата за одбележување на 3-ти Ноември – Денот на ослободувањето на Прилеп

110

Со положување венци и свежo цвеќe на спомениците на народните херои, Методија Андонов – Ченто, Кузман Јосифоски – Питу, Могила на непобедените, Споменик кај месноста Песјобрдце, од страна на преставници од локалната самоуправа, политички партии, граѓани и граѓански здуженија и низа музички, културни и спортски манифестации, општина Прилеп ќе го одбележи 3. Ноември – Денот на ослободувањето на Прилеп од фашистичките окупатори.

Одбележувањето ќе започне на 1. ноември со отворен настан за најмалите во паркот кај судот со почеток од 10 часот. Истиот ден со почеток од 19:30 часот во Центарот за култура “Марко Цепенков” ќе се одржи “Прилеп Фолк Фест”.

Наредниот ден, на 2. ноември, со почеток од 11часот, во организација на “Ротари клубот” од Прилеп, ќе се одржи Ликовен арт хепенинг кај споменикот на Итар Пејо во Старата прилепска чаршија, а вечерта со почеток од 19:00 часот, ќе се одржи хуманитарна ноќна трка за помош на малиот Никодим Мидоски.

По повод празникот, традиционално, на свечена седница на 3.ноември, Советот на Општина Прилеп ќе ги додели Третоноемвриските награди.

Настанот оваа година ќе се одржи во големата сала на Центарот за култура “Марко Цепенков” и ќе започне во 19:00 часот.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content