Во деветтолетка во Прилеп вчера баба влегла кај внукот среде час и недолично се однесувала кон него. Очигледно тоа не наишло на добар прием во семејството па мајката на ученикот го пријавила случајот во прилепската полиција.
„На 16.10.2024 во ОВР Прилеп, 44-годишна прилепчанка пријавила дека во основно училиште во Прилеп во кое учел нејзиниот малолетен син влегла неговата баба и за време на час недолично се однесувала кон него. Се преземаат мерки за расчистување на настанот“, соопшти полицијата.
Што ќе биде со бабата засега е непознато но, кога веќе решила работите за вопситување на внукот да ги преземе во свои раце бабата ќе мора да се соочи со последиците.