Вкупниот приход на топ 10 аптеки во Македонија, изнесува точно 10.545.436.237 денари, а според тоа може само да се претпостави колкава би била бројката ако се пресмета колку пари свртеле сите 1.186 аптеки што се заведени во Регистарот на Министерството за здравство.
Според анализата на Пари повикувајќи се податоците од Бизнис Мрежа, Зегин Фарм има убедлива предност пред другите во однос на реализираните приливи, кои претставуваат 35,3 насто од вкупниот приход на десетте бизнис-лидери. Станува збор за 3.725.234.739 денари, односно 60,57 милиони евра.
Висок приход од 2.629.246.002 денари или 42,75 милиони евра бележи Еурофарм од Битола, чии аптеки се распоредени во градовите низ државата, и во изминативе 24 години изгради препознатлив фармацевтски бренд.
Искуството на семејството Механџиски (Зегин) во областа на фармацијата се рефлектира и во солидното работење на Моја аптека. Прометот од 2.532.772.260 денари (41,18 милиони евра), ѝ обезбеди место во првата тројка од табелата.
Потоа следуваат Виола, Виа Фарм, Алпи, Жива Фарм, Мента Фарм, Херба и Бле Медика.
Кога сме акј профит во 2023 година најпрофитабилна е Моја аптека, со 90.415.440 денари, односно 1,47 милиони евра, потоа доаѓа Зегин.
Бле-Медика од Тетово работела со профит од 20.079.988 денари (326,5 илјади евра) и е на трето место.
Вевчанската Виа Фарм е на четврто место, па доаѓаат Еликсир, Алтеа Б1 аптека од Кичев, Беладона од Куманово, Фармед-М од Гостивар, а на десетто место Роса-Вита од Битола.
Најголемиот работодавач, Зегин Фарм, функционира со 549 вработени. Битолски Еурофарм има 511, а Моја аптека 498 вработени.