Милиони евра државни пари фрлени во ветер, стипендистите кои завршиле на престижни универзитети не се враќаат во Македонија

100

Државниот завод за ревизија откри шокантни детали за начинот на кој се третираат државните стипендисти. Имено Според нив досега се исплатени речиси 9 милиони евра народни пари за лица кои студирале надвор и чија обврска била да се вработат во државната и јавната администрација односно да бидат ставени во служба на државата. Но дали е тоа така?. Најновите податоци покажуваат дека во последните пет години 178 стипендисти ги завршиле студиите во странство, додека од нив 60 отсто се надвор од Македонија.

Со одлука на Владата од 2015 година услов за студените да добијат вакот тип на стипендии бил да биде примен помеѓу стоте најдбори универзитети на Шангајската листа. Максималната сума што МОН ја исплаќа е 40.000 долари годишно по стипендист со услов студентите да се вратат во Македонија по завршувањето на студиите и да работат во државава двојно подолго отколку што биле во странство. На пример ако се студира на додипломски студии што траат четири години студентот треба да работи во Македонија осум години, односно дупло. Но и тука има услов. Ако по враќањето државата не обезбеди соодветно вработување во државните институции во првите 6 месеци од неговото враќање тогаш обврската кон државата престанува и студентите се ослободени од обврската да и биде на располагање на државата и тој може да се вработи било каде.

 

 

Во истражувањата што ги има спроведено БИРН државниот ревизор утврдил дека во програмата за стипендирање, не било земено во предвид дека дел од студентите се запишуваат на студиски програми за кои во нашата земја нема големи можности за вработување, како што се – нанотехнологија, вештачка интелигенција, генетика, авијација, вселенско инженерство, палеонтологија и др.

Па, оттука логично дека дека во Македонија шансите за вработување на ваков кадар е речиси никаков па сосема нормално е лицата кои завршиле на најдобрите универзитети во светот да градат кариера надвор.

На темава се огласи и професорот Тони Дескоски кој вели дека целата оваа програма на МОН за финансирање на постдипломци во странство мора итно да се ревидира, бидејќи има промашена цел. Според него стипендиите треба да се наменат за постдипломци кои се денонстратори или асистенти на државните Универзитети, или пак за веќе вработени кадри во државната администрација.

„Асистентите ќе имаат полза од постдипломски курс во на најдобрите универзитети, дури и ако веќе завршиле постдипломски студии.  Финансирањето на постдипломци без никаква програма и без никаква координација со домашните високообразовни установи е бесцелно и се претвори на фрлање на средства во бунар. Редно е да се признае неуспехот на постојниот концепт (кој всушност и не е концепт). Ние сме сиромашна држава и глупаво е финансираме кадри кои се одлеваат“, напиша професорот.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content