Младиот Дарјан со златен медал по математика во Њујорк

155

На престижната математичка олимпијада “Коперникус”, која се одржува на Универзитетот Колумбија во Њујорк, оваа година со златен медал се закити и талентираниот Дарјан Мирчевски, ученик од основното училиште “Јаха Кемал” во Карпош, Скопје.

13 годишниот Дарјан беше единствениот учесник од Македонија на оваа математичка олимпијада, во конкуренција од 60 финалисти кои доаѓаа од 34 различни држави ширум светот.

Во категоријата за шесто и седмооделенци, соред критериумите на Универзитетот “Колумбија”, покрај Дарјан Мирчевски, златен медал освоија и неговите врсници математичари од Јапонија, Казахстан, Британија и Монголија. Честитки и уште многу успеси!

 

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content