Стефана Димитрова и Даријан Кочоски се невеста и зет на годинешната „Галичка свадба“

177

Стефана Димитрова и Даријан Кочоски се невестата и зетот на годинешната „Галичка свадба“, што ќе се одржи викендов.

Свадбарските обичаи ќе почнат в сабота, 13 јули, со обредот фрлање три пушки, виорење на свадбениот бајрак, пречекот на тапаните, свекрвиното оро, а членови на ансамблот „Танец“ ќе го одиграат „Тешкото“. Двајцата ќе се венчаат в недела, 14 јули, во црквата „Свети апостоли Петар и Павле“ во Галичник. Свеченоста ќе заврши со испраќање на тапанџиите и зурлаџиите.

Невестата Стефана, која има галичко потекло од двете баби, рече дека е преплавена од емоции. Истакна дека галичката свадба била нејзина желба, но многу е важно што Даријан ѝ ја исполнил. Нејзиниот сопруг, пак, рече дека со задоволство прифатил да биде зет на годинешната манифестација, која секоја година ја посетуваат многу туристи.

Претседателот на Месната заедница Галичник, Александар Костиќ, изрази задоволство што и по толку децении, не спласнува интересот на младите да бидат дел од „Галичката свадба“. Марија Мининчиќ од „Пивара Скопје“ истакна дека кога една соработка трае половина век, јасно е, рече, дека двете страни ги врзуваат исти вредности.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content