Сејдиу: ЕДНА МИЛИЈАРДА ИМА САМИОТ АЛИ АХМЕТИ, ЌЕ ЗЕМЕМЕ ОД НЕГО

Во дебата монистерот во заминување од ДУИ, Крешник Бектеши го праша Блерим Сејдиу од коалицијата Вреди дали се согласуваат со ВМРО-ДПМНЕ за задолжување од милијарда евра, што е дел од изборното ветување на таа партија.

Бектеши го интересираше дали овие пари ќе ги обезбедат Унгарија и Словачка, по што Сејдиу кратко одговори „ќе ги добиеме од Али Ахмети“

„Имаме прецизна и јасна стратегија како ќе ја достигнеме таа милијарда, реков, ќе земеме дел од Али Ахмети, а друг дел ќе земеме од земјите од Европската унија и ќе достигнеме 1 милијарда, ќе стане повеќе од 1 милијарда, 1 милијарда има самиот Али Ахмети“, потенцираше Сејдиу за ТВ21.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content