Пренџов: Продолжуваме посветено со реформската агенда, резултатите се видливи и препознаени

Денес на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците успешно ги поминавме во прво читање два исклучително важни закони – Законот за високите раководители во јавната администрација и Законот за соодветна и правична застапеност, вели Љупчо Пренџов.

-Дополнително, Комисијата донесе одлука за организирање јавна расправа по Предлог-законот за соодветна и правична застапеност, со што овозможуваме широк и инклузивен процес во кој ќе бидат слушнати мислењата и аргументите на сите засегнати страни. Продолжуваме посветено со реформската агенда. Резултатите се видливи и препознаени. Не е случајно што Европската Унија констатира дека Македонија во овој период реализира најмногу реформи меѓу земјите од Западен Балкан, посочи тој.

Пренџов порачува: „Продолжуваме понатаму – одговорно, посветено и во интерес на граѓаните и европската иднина на државата“.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content