Измина уште еден споен викенд во Македонија.
Зад нас ги оставивме трите неработни денови, а за среќа наскоро доаѓа уште еден споен викенд со три дена каде исто така петок е неработен ден.
Станува збор за празникот Духовден кој се слави во чест на мртвите души и истиот е на 21 јуни, што значи идниот месец.
Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2024 година неработни денови се:
За сите граѓани на РСМ
- 02 август (петок), Ден на Републиката,
- 8 септември (недела), Ден на независноста, односно 09 септември (понеделник) е неработен ден
- 11 октомври (петок), Ден на народното востание,
- 23 октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба
- 8 декември (недела), “Св. Климент Охридски”, односно 09 декември (понеделник) е неработен ден.
За граѓаните од православна вероисповед
- 21 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
- 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).
За граѓаните од католичка вероисповед
- 01 ноември (петок), Празникот на сите светци,
- 25 декември (среда), првиот ден на Божик.
За граѓаните од муслиманска вероисповед
- 16 јуни (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам
За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ
- 22 ноември (петок), Ден на албанската азбука
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ
- 12 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ
- 28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците
За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ
- 21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик.