Се скараа Талат и Данела за тревата околу влада

За неискосената трева во дворот на Владата и дали тоа е обврска на владиниот кабинет или на другите институции, техничкиот премиер Талат Џафери денеска објасни дека според процедурите и прописите, земјиштето е во надлежност на Град Скопје и според обврските, ЈП „Паркови и зеленило“ треба да се грижи за изгледот.

ВЛАДА

300

-Владата нема предвидено средства, ниту може да предвиди средства за работи кои што се надлежност на друга институција. Жалам што изгледа така, но на изборите, соодветен одговор доби градоначалничката на Град Скопје во однос на изборниот резултат. Граѓаните гледаат и оценуваат и си го дадоа својот одговор, кажа техничкиот премиер, одговарајќи на новинарски прашање во прес-центарот на Владата.

Веќе подолг период, дворот и околината на Владата е целосно запуштен и обраснат со високи треви и отпадоци. Сликата околу просторот покажува како никој да не го користи објектот кој е еден од најважните во земјава.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска која е претседателка на партијата Нова Алтернатива на парламентарните избори освои вкупно 3516 гласови, што е премалку за пратенички мандат.

Арсовска во Изборната единица 1 каде што ја предводеше и листата на нејзината партија, освоила 1645 гласа или во проценти само 0,85%.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска му врати реакција на техничкиот премиер Талат Џафери во однос на изјавата за не искосениот двор на Владата

„На денешната прес конференција во Влада, ВД премиерот Талат Џафери избегнува одговорност и манипулира со некакви процедури само за него познати, лажејќи дека сопственост и надлежност на Град Скопје и ЈП “Паркови и зеленило“ било да се грижи за зеленилото во Влада.

Талат Џафери ако до сега не знае дека сам треба да си го уреди сопствениот двор, таа лекција ни денес нема да ја научи сигурно. Од ВД премиерот од Форино, што кога излегува од дома до Влада ги гаси попатно сите семафори и прави хаос низ градот, не е ни очекувано дека би требало да знае што е негова обврска, тој само знае какви бенефиции може да искористува.

ЈП “Паркови и зеленило” ги одржува градските булевари и паркови површини кои се надлежност на претпријатието согласно Закон, а ако сака ВД премиерот Талат од Форино да ги ангажира да работат во Влада за истото треба да си склучи Договор, исто како и секоја друга институција во Македонија“, вели Арсовска.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content