„Европски фронт“ на Ахмети се повлече пред ВРЕДИ

37

Европскиот фронт го смени датумот митинг во Тетово околу што деновве со опозициската коалиција ВРЕДИ имаше расправа кој прв побара и доби одобрение за завршниот митинг ппред тетовчани.

Арбр Адеми најави дека оваа коалиција ќе ја одржи завршната средба во Тетово еден ден порано од коалицијата ВРЕДИ, односно на 5 мај.

„Со оглед на тоа што опозицијата има тенденција да им создава проблеми на Албанците, ние како најголема партија во државата, иако навреме и пред нив добивме дозвола од полицијата и СПБ Тетово, централата на Европскиот фронт одлучи да го одржи завршниот митинг. во Тетово еден ден претходно, односно на 5 мај, само да не навлегуваме во сценаријата на Путин и Русија, кои преку нивните алатки овде, албанската опозиција и Билал Касами, се обидуваат да ги внесат Албанците во неволја меѓу себе“, изјави Арбр Адеми .

Ова доаѓа по изјавата на Билал Касами од Коалицијата ВРЕДИ кој вчера објави документи дека тие први го закажале завршниот митинг во Тетово, објави Телеграфи.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content