Прогонителката на Жан Митрев ,,дотолчена” од кривичарот Калајџиев

0

За случајот со обвинението на ОЈО против Жан Митрев, се огласи професорот по Кривично право, Гордан Калајџиев.

За него рочиштето за обвинителката е Ватерло што е најголемиот пораз на Наполеон а во јавниот говор симболизира катастрофа во секоја смисла.

„Ватерло за обвинителството во случајот против Жан Митрев! Главниот сведок на обвинителството (доктор од друга клиника) сведочеше практично во прилог одбраната. Наводно измамените никогаш воопшто не се сретнале со “измамникот” д-р Жан Митрев. Од самиот почеток на судењето не ми беше јасно како без вештачење ЈО ќе докаже дека методата на хемофилтрација била помалку ефикасна од она што докторот не им го ни’ ветувал туку го објаснувал на ТВ. Клучниот “доказ” на Јо сега е квазивештачењето на комисијата на Министерството за здравство кое процесно и не може да биде доказ затоа што е мислење кое нема да може да се тестира пред судот што Законот за кривична постапка изречно го забранува. Се ла ви“, напиша Калајџиев на фејсбук.

Зошто обвинителката Искра Хаџи Василева по низата дебакли пред судот не се откажува од обвинението кое паѓа по сите основи засега е нејасно.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content